Православните христијани слават Бадник- празник за семејна радост
Почна со коледарите завршува со бадниковата вечера. За православните верници, ден- најава на Христовото раѓање...

Молитвено чевствување на Бадник, денот пред Божиќ- како подготовка за раѓањето на Исус. Во црквите низ цела Македонија се делеше нафора, бадникови гранчиња, се палеа свеќи.
„Палиме за здравје, за среќа, за убави денови.“
„Од мали треба да ги почитуваат празниците. Тоа да го пренесуваат на идните генерации. Ова е убав ден за славење.“
„Се распрсна народот, затоа треба да се собереме и посвечено да го прославиме овој празник“, велат граѓаните.
Откако ќе се посети божјиот храм, домаќинките брзаат да ја подготват традиционалната бадникова вечера.
„Посна сарма, риба, пита со праз, баклава...“
Денеска секој со своите обвсрки. Децата прво на коледерање, потоа во црква. Но, Симеон и Божана имаат омилен дел од празникот.
„Кршењето на лебчето, особено кога ќе ми се падне паричката.“
„Се радувам дека ми е именден и се по мое ќе биде.“
Скопјани традиционално го посетуваа Соборниот храм. По молитвата чај и топла ракија средбата завршува со примопредавањето на ќупот и кршењето на погачата со златна паричка.
Со пајтонот, симболот на старо Скопје, кумот си заминува дома.
Наташа Јанчиќ
