Децата- коледари го најавија Хрисовото раѓање

06.01.2015 16:17

Тие се симбол на ангелите кои ја носат веста за Христовото раѓање.Децата не ја криеја возбудата, велат и следната година ќе го навестуваат христовото раѓање. Ранчињата и срцата полни, насмевки го разубавеа утринското сивило.

Малите коледарчиња со песна го најавија славењто на Бадник. Тие се симбол на ангелите кои ја носат веста за Христовото раѓање. Децата не ја криеја возбудата, велат и следната година ќе го навестуваат христовото раѓање. Ранчињата и срцата полни, насмевки го разубавеа утринското сивило.

Православните христијански верници го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за празничната вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот  не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Вечерта, во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за здравје на сите во семејството.

 

Александра Перевска