Како жителите во околината на Скопје се справуваат со последиците од снежното невреме?
Денешниот снег не предизвикува поголеми проблеми. Наша екипа беше да провери како е во околината на Скопје. До Света Петка се стигнува лесно, иако селките сокаци се уште се покриени со снег...

Пријатно сончево јануарско утро во планинско село. Главната сообраќајница до него е расчистена, а споредните селски сокачиња сеуште чекаат под снежната прекривка.
Невремето не предизвикало поголем застој во околината на главниот град. Жителите на скопското село Чифлиг велат годинава се реагирало брзо.
Наидовме на екипите што фрлаа песок и сол по патиштата.
Света Петка е последното село на овој потег. Пресретнавме тамошни жители. Во селото сѐ се одвиваше нормално, но жителите сеуште ги чувствуваат последиците од невремето.
Селската продавница е најпосетената.
Продавачот е задоволен што повторно работи добро, а оние кои не сакаат да ризикуваат зиме, велат сакаат сигурни залихи.
На заминување не проследи секогаш впечатливиот планински пејзаж и необичниот танц на природата после секоја луња.
Фиљана Кока
