Заеднички дипломатски претставништва

05.01.2014 17:15

Турција, Србија, Словенија, Црна Гора, Македонија, а можно е и Хрватска, да бидат дел од проектот за заеднички дипломатски простор, во којшто секоја од државите ќе има свој амбасадор. Идејата е стара, изјави премиерот Груевски, а целта е финансиска заштеда за изнајмување на дипломатските претставништвa.

Турција, Србија, Словенија, Црна Гора, Македонија, а можно е и Хрватска, да бидат дел од проектот за заеднички дипломатски простор, во којшто секоја од државите ќе има свој амбасадор. Идејата е стара, изјави премиерот Груевски, а целта е финансиска заштеда за изнајмување на дипломатските претставништвa.

„Идејата е некаде ние да отстапиме, кадешто имаме поголем простор, за влез на дипломатски претставници на други држави, а некаде тие нам да ни отстапат. Така што и во држави каде сега немаме амбасадои или дипломатски претставништва да ги имаме или пак некаде да ги намалиме трошоците, со тоа што ќе користиме туѓ простор на некој друг, што плаќа или веќе го купил просторот или пак го наследил од минатото“, рече премиерот.

Српскиот шеф на дипломатијата Иван Мркиќ е оптимист, како што пишуваат „Новости“, дека до крајот на годинава скандинавскиот модел може да профункционира и во регионов.

Тејлоп Извор -Шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ за - Новине

„Најблиску до договор сме со Македонија и Црна Гора. Ние продолжуваме со нашиот план за проширување на дипломатско-конзуларната мрежа, но ќе им понудиме на сите што се заинтересирани да ни се приклучат. Тоа, од една страна ќе ги намали трошоците, но ќе им овозможи на државите од регионот да бидат видливи во повеќе делови на светот, што ќе овозможи и заеднички настап на трети пазари.

Ваквата соработка не е новина, скандинавските земји веќе успешно го применуваат овој модел и Мркиќ го посочува и примерот со Токио каде што во еден објект дипломати од 15 држави во Латинска Америка ги извршуваат активностите.

Премиерот Груевски засега не прецизира во кои држави е можна соработката, само открива дека станува збор за околу 6-7 земји. Според „Новости“, Саудиска Арабија, Катар, Гана, Венецуела, Чиле, Вијетнам и Камбоџа се дестинациите во коишто годинава ќе се проширува српската дипломатска мрежа и на оваа релација треба и да се очекува соработката.

Виолета Димовска