20,7 милиони евра за рурален развој
Поддршката е во вид на грант, без обрска да бидат вратени. Ќе бидат насочени во инфраструктурни проекти од интерес на граѓаните...

20,7 милиони евра им стојат на располагање на општините за рурален развој. Пари ќе добијат сите, 15,5 милиони се обезбедени преку европската ИПА програма, а 5,2 милиона се буџетски средства. Поддршката е во вид на грант, без обрска да бидат вратени. Ќе бидат насочени во инфраструктурни проекти од интерес на граѓаните.
„Секоја рурална општина во Република Македонија ќе добие по 260 илјади евра, додека урбаните општини кои имаат рурални подрачја во својата територија ќе добијат по 140 илјади евра. Средствата се наменети за реализација на инфраструктурни проекти според приоритетите на општините. Може да се градат локални улици, може да се искористат за пазари, за изградба на детски градинки, за водовод и канализација...“, изјави вицепремиерот и министер за финасии, Зоран Ставрески.
Средствата се значајни особено за помалите локални самоуправи, кај кои овие средства се поголеми и од нивниот годишен буџет, вели Ставрески. Поголем ефект се постигнува доколку се комбинираат со кредит од Светска банка за реализација на поголеми проекти. Задоволни се и градежниците, се отвора простор за ново ангажирање на компаниите, затоа што сите средства ќе бидат насочени во инфраструктура.
„Се работи и на другите делови, како во уредување на проектната документација, како и пропрецизно разгледување на проектите, и разгледување на теренот. Максимално се работи“, тврди Сеад Кочан, подпретседател на Сојузот на стопански комори.
Со овој грант ќе се подобри квалитетот на живеење во руралните подрачја и ќе се зајакне нивната конкурентност за привлекување инвестиции. На потег се општините, затоа што рокот за аплицирање е три месеци.
Свето Николовски
