Исланд: Можно повлекување на кандидатурата за членство во ЕУ

06.01.2015 18:10

Исланд поднесе барање на кандидатура во 2009, а веќе наредната ги отпочна пристапните преговори, но новата влада избрана во 2013-та најави дека ќе ги суспендира...

Премиерот на Исланд најави дека земјата може да ја повлече кандидатурата за членство во ЕУ. Во радио интервју изјави дека учеството во преговорите повеќе не е валидно бидејќи не е во согласност со политиката на владата да го прифати сето она што била подготвена да го прифати и претходната влада. 
 
Исланд поднесе барање на кандидатура во 2009, а веќе наредната ги отпочна пристапните преговори, но новата влада избрана во 2013-та најави дека ќе ги суспендира преговорите и ги распушти преговарачкиот тим. 
 
Одлуката предизвика протести на илјадници граѓани од кои 72 насто бараа референдум по тоа прашање.