Победа за Хајбек, славата за Крафт!
На Штефан Крафт му беше важно да биде на пиедесталот, но и зад себе да го остави Словенецот Петер Превц...

Само се менуваат на највисокото место на победничкиот подиум, но Австријците никаго не го даваат трофејот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Крафт е славеникот на 63-то издание, му помогна Хајбек со триумфот пред домашните навивачи во Бишофсхофен.
На Штефан Крафт му беше важно да биде на пиедесталот, но и зад себе да го остави Словенецот Петер Превц. На 21-годишниот Австриец му успеа тактиката, го освои третото место на последната скокалница во Бишофсхофен, додека Шревц заврши како четврти. Со вкупно 1106 бода, најмногу благодарение на победата на првото натпреварување во Обрестдорф, Крафт го приграби новогодишниот пехар што е 16-ти за Австријците кои го израмнија рекордот на финските и на скокачите на некогашните две Германии заедно.
Неговиот сонародник Михаел Хајбек ја оствари првата победа во кариерата, но скоковите во Бишофсхофен од 137,5 и метар покусо во втората серија, му беа доволни само за второто место на турнејата со минорни шест бода помалку. Ветеранот Нориаки Касаи и на 42 години беше конкурентен, па со второ место, по трет пат се најде меѓу тројцата најдобри на некоја од новогодишните скокалници, а по 36-ти пат се искачи на победничкиот пиедестал.
По 13 од 32 натпреварувања во Светскиот куп, Хајбек и натаму е лидер со предност од 72 бода во однос на Крафт.
