Скијање – слалом

Хиршер неприкосновен на Сљеме!

06.01.2015 22:33

До петтиот триумф сезонава и 28-ми во кариерата, Хиршер стигна со две убедливи возења и со 81 стотинка подобро време од Германецот Феликс Нојројтер...

Слаломот на Сљеме како да е создаден за австрискиот скијач, Марсел Хиршер кој третпат по ред славеше на патеката над Загреб. За 25 – годишниот Хиршер ова е 15-ти слаломски триумф што претставува австријски рекорд во најтехничката дисциплина.

До петтиот триумф сезонава и  28-ми во кариерата, Хиршер стигна со две убедливи возења и со 81 стотинка подобро време од Германецот Феликс Нојројтер и со повеќе од секунда предност од Норвежанецот Себастијан Фрос - Солеваг кој со третото место го постигна најголемиот успех досега.

По 15 трки. Хиршер го презеде првото место во генералниот пласман со 52 бода позитива во однос на Норвежанецот Кјетил Јансруд, а во поредокот за слалом му се доближи на само четири бода на Нојројтер.