Заложничка драма во Раштак
43 годишен скопјанец не дозволувал полицијата да влезе во неговиот дом и да му го одземе оружјето кое нелегално го поседувал. Со пушка се заканувал дека ќе пука во своето малолетно дете и во полицајците...
Два часа траела заложничката драма во скопското село Раштак. 43 годишен скопјанец не дозволувал полицијата да влезе во неговиот дом и да му го одземе оружјето кое нелегално го поседувал. Со пушка се заканувал дека ќе пука во своето малолетно дете и во полицајците. По неколку часовните преговори, дозволил да влезе само еден од полициските службеници.
По влегувањето во домот на приведениот, полицискиот службеник го искористил неговото невнимание кога тој се оддалечил од сопругата и неговиот син по што бил совладан и извршен претресот.
Приведениот нелегално поседувал повеќе парчиња оружје.
„Во домот на 43 годишното лице во Раштак пронајдени се шест пушки, еден револвер и пиштол и поголема количина на муниција“, изјави Марија Јаковлевска, МВР.
Судија во претходна постапка на 43 годишниот скопјанец му одреди мерка притвор од 30 дена.
Андријана Атанасовска
