Изградбата на железничкиот коридор ќе отвори нова економска ера во државата
Можностите за нови инвестиции ќе бидат добредојдени за Куманово кое според местоположбата најмногу ќе ги искористи. Слични се очекувањата и на жителите од село Лопате, кое ќе биде првата станица на пругата Куманово- Бељаковце...
За неполни две години граѓаните секојдневно ќе може да патуваат со модерен воз со брзина од околу 100 километри на час. Од Куманово до Бењаковце ќе се патува само 30 минути. Отсечените села на оваа релација со модерна пруга ќе се поврзат со градот, а тоа ќе овозможи и заживување на целиот регион.
Нашата камера беше на терен кај железничкиот премин во селото Лопате каде што се гради мост кој ќе ги поврзе корисодите 8 и 10. Тамошните жители се надеваат дека освен тоа што ќе се олесни,патувањето изградбата на пругата би можела да се искористи и за економски цели со отварање на мали бизниси , од угостителски објекти ,продавници па дури и фабрики.
„Во селото Лопате има многу малку вложено, очекуваме железницата да ја смени оваа слика.“
„Кога ќе има циркулација на патот, ќе има циркулација и на бизнисот“, велат жителите на Лопате.
Пругата на коридорот 8 ќе отвори нова економска ера за државата, а Куманово кое се наоѓа на средина би можело да ја искористи можноста да привлече инвестирои и да го пододобри животот на граѓаните. Оваа е одлична можност и за развивање на прекуграничните бизнис релаци со соседна Бугарија, а преку неа и до земјите од Европа.
„Од другата страна за нас ќе значи поттикнување на руралниот развој и заживување на целиот регион. Очекуваме поврзувањето на селата да ги приближи граѓаните и до значајните културни споменици и знаменитости како што е манастирот во Бељаковце. Ќе имаат можност повеќе да ги истражат селата, но голем дел и да се вратат таму“, изјави Зоран Павловски, раководител на секторот за Локален еконосмки развој при Општина Куманово.
Капиталениот регионален проект за изгардба на железничкиот коридор Куманово- Ќустендил-Софија е финансиран од Европска банка за обнова и развој, а првите возови кон Бугарија се очекува да сообраќаат во 2022 година.
Габриела Димковиќ
