Македонија последна со три порази и без освоен сет
Иако мина две тешки фази, сепак беше јасно дека одбојкарската репрезентација на Македонија и тоа некомплетна, нема шанси на последниот квалификациски турнир за Светското првенство во Полска. По Србија и Португалија, нашите одбојкари загубија и од Словенија.

3:0 за Словенците во меч со осцилации во играта на македонската селекција. Вво првиот сет Словенија имаше константна предност од два поена, но Македонија успеа да го однесе овој дел од дуелот во зоната на разлика. Сепак, при 24:24 противничките одбојкари врзаа два поена за 1:0. Решавачка во вториот сет беше серијата на Словенија од 8:0 при водство на Македонија од 14:13. За 26 минути, 25:20 за 2:0 за Словенија којашто го отвори и третиот сет со предност од пет поени. Желбата да освојат барем сет на турнирот во Ниш ги одржа во игра нашите одбојкари кои стигнаа до 22:22, но Словенците сепак победоносно го завршија мечот со 25:23 за конечни 3:0.
Во друштво на поквалитетни и повисоко - рангирани репрезентации, Македонија ги загуби трите натпревари, но најави дека во најсилен состав може да биде конкурентна во квалификациите за Европското првенство 2015-тата година, особено што турнирот од првата фаза ќе се одигра во Скопје со учество уште и на Азербејџан, Грузија и на Шведска.