Франција во шок по терористичкиот напад на неделникот Шарли Хебдо
Терористички напад во Париз. 12 новинари и полицајци загинаа, а уште десетина се повредени во редакцијата на неделникот Шарли Хебдо. Претседателот Оланд свика итен состанок во Елисејската палата. Франција е во шок...

Црн ден за новинарите и слободата на информирање. Тројца „криминалци“ како што ги нарече мининистерот за внатрешни работи, во седиштето на сатиричниот неделник Шарли Хебдо во центарот на Париз, убија најмалку 12 лица, осум ранети од кои четворица во многу тешка ситуација,
Ова e најтежок атентат во последниве 40 години во Франција. Не е прв напад или атентат врз француските медиуми, но прв пат загинуваат новинари. Девет од жртвите се со новинарска легитимација, потврдено е дека меѓу убиените се наоѓаат четворица од најголемите француски карикатуристи: Шарб, Волански, Кабу и Тињуз, а уште неколку други се тешко повредени и се во животна опасност.
Според информациите и сведоштвата со кои се располага, напаѓачите биле со скриено лице, тие ги знаеле по име нивните жртви и целиот масакр траел пет минути. Тие при излегувањето од неделникот извикале: „Го осветивме пророкот“ и „Алах е голем“; за што и сведочат и снимките на агенцијата во Прва линија.
Напаѓачи при бегството убија и двајца полицајци, при што претходно еден од ранетите полицајци кој лежеше беспомошно на тротоарот беше безмилосно убиен.
„Варварски чин, терористички, кукавички акт“, беа првите зборови на претседателот Франсоа Оланд во обраќањето до новинарите на местото на настанот. Притоа нагласувајќи дека напаѓачите
„Ќе бидат ловени се додека е потребно за да бидат уапсени и изнесени пред судиите и осудени“ – нагласи шефот на француската држава.
Очигледно силно погоден од терористичкиот напад врз неделникот, Франсоа Оланд кажа дека повеќе терористички напади кои биле во план биле откриени изминативе недели во Франција.
По ургентиот состанок во Елисејската палата со соодветните надлежни министри Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев изјави:
„Сѐ ќе биде направено за да се неутралзираат колку што е побрзо тројцата криминалци кои го починија овај вараврски акт.“
Тој не даде повеќе детали за истрагата, но потврди дека антитеростичкиот план е подигнат на највисокото ниво и дека се во тек акции за пронаоѓање на сторителите на терористичкиот напад.
Весникот Шарли Хебдо се наоѓаше веќе подолго време под полициска заштита посебно по објавувањето на карикатурите на Мухамед.
Минатата недела објави карикатура со легендата:Се уште нема атенати во Франција, на која се гледа еден вооружен исламист кој одговара: почекајте – можеме до крајот на јануари да ги испратиме нашите честитики., карикатура потпишана од еден од убиентите карикатуристи Шарб.
Вечерва низ цела Франција се одржуваат повеќе собири на поддршка под мотото- Сите сме Шарли Хебдо.
Тони Гламчевски
