Сообраќајот во зимски услови, можна појава на голомразица

08.01.2015 08:32

Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозите. Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
 
Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
 
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
 
ОД АМСМ ги потсетуваат сите возачи за законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март.