102 милиони евра за директно субвенционирање на земјоделството во 2015-та

08.01.2015 10:53

102 милион евра годинава ќе бидат наменети за директно субвенционирање на земјоделството. Најголем дел од нив се за растителното производство...

Земјоделците ќе добијат повеќе од педесет милиони евра за растителното производство, а сточарите 34,5 милиони.

2,5 милиони евра, се наменети и за одделни категории земјоделци. 10 проценти е  поголема субвенцијата за млади и 20 за регистрираните земјоделци.

Поради сезонскиот карактер на производството и пријавувањето, крајните рокови за почеток на исплатата на средствата се од февруари 2015-та до јуни 2016-та година.

 

Методија Трајков