Уапсен еден од терористите кои го извршија нападот врз „Шарли Ебдо“

08.01.2015 11:15

Полицијата со сите расположливи ресурси трага и по другите двајца терористи. Во акцијата е вклучена и армијата. Во рамите на антитерористичката акција полицијата упси уште 7 лица за кои се верува дека се поврзани со вчерашниот инцидент...

Уапсен еден од тројцата вооружени напаѓачи кои го извршија масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник Шарли Ебдо. 18-годишниот Хамид Мурад за кој се знае дека е бездомник, бил уапсен во близина со белгиската граница.

Другите двајца напаѓачи се француски државјани, браќата 32 и 34 годишните Саид и Шериф Куачи.

Еден од тројцата терористи, Шериф и е добро познат на полицијата. Бил осуден на три години затвор поради регрутација на млади муслимани во Ирак, а бил уапсен во моментот кога и тој се подготвувал да замине на џихад.

Полицијата со сите расположливи ресурси трага и по другите двајца терористи. Во акцијата е вклучена и армијата. Во рамите на антитерористичката акција полицијата упси уште 7 лица за кои се верува дека се поврзани со вчерашниот инцидент.

Повеќе локални медиуми јавија дека било пукано врз полицаец додека вршел конроли на автомобилите на излезот на Париз.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во телевизиското обраќање вети дека ќе биде направено се што е потребно за апсење на злосторниците и дека ќе бидат најстрого казнети.

А Франција и Европа во шок. Илјадници лица излегоа на улиците во Париз и другите француски градови, одавајќи им почит на 12-те жртви во нападот. Спонтани масовни собири имаше и многу други градови во Европа.

Протести против нападот врз сатиричниот неделник Шарли во Берлин, Мадрид, Лондон, Лозана.

Ова е најкрвавиот напад во Франција во последниве 40 години. Загинаа 12 лица, од кои 10-мина новинари и двајца полицајци.

Во Франција денеска е прогласен ден на жалост.