Жесток напад на меѓународната коалиција против ИДИЛ

08.01.2015 11:18

Уништени или сериозно оштетени се 58 тенкови и над 900 воени машини, како и над илјада разни објекти. Авионите на коалицијата извршиле 15 илјади 465 летови...

Меѓународната коалиција против групата „Исламска држава“ употребила речиси 5 илјади проектили, уништувајќи над 3 илјади цели на џихадисти во Ирак и во Сирија од почетокот на воздушниет напади, соопшти Пентагон.

Уништени или сериозно оштетени се 58 тенкови и над 900 воени машини, како и над илјада разни објекти. Авионите на коалицијата извршиле 15 илјади 465 летови.

Пентагон не објави колку џихадистите се убиени или повредени, а не потврди и колку цели практично се уништени.