Втората фаза од пакетот измени во образованието утре на Собраниска комисија
Владата и Министерството за образование остануваат отворени за сугестии и предлози за пакетот реформи во образованието, што беа предложени уште во октомври...

Втората фаза од пакетот измени во образованието на матичната Собраниска комисија ќе се разгледуваат утре. Иако првично беше најавена амандманската распрва за денеска, се пролонгираше за да создаде повеќе простор за нови предлози.
Владата и Министерството за образование остануваат отворени за сугестии и предлози за пакетот реформи во образованието, што беа предложени уште во октомври.
Целта е, велат, да се креира решение што ќе го подобри квалитетот на знаењата и вештините на студентите, на наставниот кадар и на образованието во целина.
По јавната дебата во собранието, Владата и министерството за образование прифатија 7 предлози од универзитетите.
Предходно беа прифатени уште 20- ина предлози на законските измени во високото образование.
Од Владата и од министерството за образование уверуваат дека можноста за дискусија останува отворена. Упатија повик сите што имаат предлози тоа да го направат во духот на конструктивноста.