Кризата на европскиот пазар го намали поризводството на чевли

08.01.2015 13:39

Кризата на големите европски пазари и нелојалната конкуренција го намали производството во кумановските чевларски погони. Повеќе работа и подобра клима за наредната година посакаа од заштитиникот на еснафот „Свети Спиридон“. Куманово е град со долгогодишна чевларска традиција , чевли од нашите погони се многу ценети и се продаваат воглавно на пазарите во Италија и Германија...

Кризатата на големите светски пазари ги погоди и чевларските погони во Куманово. Од големите чевларски капацитети велат дека годинава работеле со намален капацитет, а произвеле околу 30% помалку за разлика од претходните години. Се надеваат дека заштитникот на еснафот „Свети Спиридон“, ќе донесе подобра клима и повеќе работа во следната 2015-та.

Оваа година ја почувствувавеме кризата, имаше пад на производството, но се надеваме дека годината ќе ја завршиме со позитивно сладо и со надеж, наредната да имаме повеќе работа“, изјави Звонко Георгиевски – сопственик на фабрика за производство за чевли.

 50% од производството на чевли во Куманово се одвива во Чевларскиот центар во италијанска сопственост, кој е на местото на некогашниот гигант ЧИК. Тука на принципот на изработка на полупроизвод  работат околу 1.000 работници во 30 погони. Од таму велат дека покризна била 2013-тата, а како причина плус ја наведуваат и нелојалната конкуренција од евтини обувки.

Многу фактори влијаеа да ја почувствуваме кризата, но евтини чевли во секој случај беа еден од главните проблеми, изјави Бобан Стаменовски – сопственик на погон за чевли.

Намалена ни е работата, некаде околу 6 месеци работевме, сезонски. Но, сепак оваа година беше добра за разлика од претходната кога имавме работа само два три месеци и бевме на мисла да ги затвориме погоните“, додава Лидија Тасевска – сопственик на погон за чевли.

Обучен и млад кадар секогаш недостига во чевларството. Да се мотивираат младите и да го изучуваат занаетот, порачаа поискусните работници.

Добро, постигаат и учат младите. Не е многу тешко, за разлика од другите гранки. Знаете чевларството е специфично и бара мну труд, енергија и внимание. Младите треба да бидат потрпеливи и ќе успеат, велат поискусните работнички.

Куманово е чевларскиот град со традиција од два века, и некогаш произведуваше три милиони пара чевли годишно.

Габриела Димковиќ