Нова победа на Нортуг
По вчерашниот успех на 10 километри класичен стил, 29 годишниот Норвежанец ја искористи малата предност и ја доби пурсуит трката на 25 километри слободен стил...

Петер Нортуг го заокружи победничкиот настап во Тоблах. По вчерашниот успех на 10 километри класичен стил, 29 годишниот Норвежанец ја искористи малата предност и ја доби пурсуит трката на 25 километри слободен стил. Исклучително интересно беше денеска на патеката во Тоблах.Тоа беше битка на четрворица израмнети по квалитет натпреварувачи , кои во драматичен фото-финиш го формираа редоследот.Нортуг беше најбрзиот со време од 53:56,9 минути.
Швеѓанецот Кале Халварсон заостана за 2 секунди, трет е Норвежанецот Мартин Сундби со 2.2 секунди послабо време, а Русинот Евгениј Белов остана без место на подиумот со „кусок“од само 2.4 секунди!Во генерален пласман во Светскиот куп во скијачкото трчање води Норвежанецот Сундби со 716 бодови, пред Халварсон од Шведска со 584 бодови. Натпреварувачите деновиве ќе останат на италијанскиот снег: следниот испит е на 10 јануари во Вал Ди Фјеме во трката на 15 километри класично-масовен старт.
