Во Нант на завршни подготовки

08.01.2015 14:59

Утре против Алжир и в сабота во зависност од исходот на нивниот меѓусебен дуел против Франција или Аргентина. Три селекции кои партиципираат во Ц и Д групите на светското првенство и со кои евентуално нашата селекција би вкрстила во четвртфиналето...

Кризата и засилените безбедносни контроли во Франција за момент го нарушија патувањето на нашата најдобра репрезентација на турнирот во Нант како последна контрола пред настапот на светското првенство во Катар ,но не ги поколебаа ниту организаторите ниту нашите репрезентативци да ги одмерат силите со две селекции кои исто така партиципираат на 24-о т собир на најдобрите светски репрезентации.

Турнирот ќе се одржи, а квалитетот и изборот на противниците е безмалку идеален за завршната фаза од подготовките. Утре против Алжир и в сабота во зависност од исходот на нивниот меѓусебен дуел против Франција или Аргентина. Три селекции кои партиципираат во Ц и Д групите на светското првенство и со кои евентуално нашата селекција би вкрстила во четвртфиналето.Од македонскиот табор најава дека нема калкулации и штедење,особено против Алжир кој негува сличен стил на игра како и првиот мундијалски противник Тунис на 16-ти јануари:

„Турнирот во Нант е добредојден за нас пред светското првенство во Катар.За разлика од натпреварите против Израел сега ќе работиме на тактички варијанти за што подобро да се подготвиме за стартот на светското првенство“ –ни изјави пред патувањето за Франција нашиот    репрезентативец, Гоце Георгиевски.

Последните две контроли како и сите настапи на светското првенство на македонската селекција со ексклузивни преноси на МРТ, првиот утре од 20 и 40 на првиот програмски сервис.