Студеното време- причина за зголемен број болни деца
Според податоците од Институтот за јавно здравје повеќе од две илјади граѓани заболеле од грип. Најмногу има во Куманово...

Бронхит, пневмонија, стомачни вируси- клиниката за детски болести за празниците беше преполна. По 130 дечиња дневно биле прегледувани во ургентниот центар, мал дел од нив хоспитализирани. И денеска сликата иста.
„Повраќа, има пролив, висока температура, детето е малаксано не сака да си игра.“
„Детенцето има покачена температура, чувствува замор, нозете го болат на прсти оди.“
„Бронхитис имаше, почнавме со сирупи, но завршивме на Клиника“, велат родителите.
Студеното време со поларни температури е причината за зголемеиот број болни дечиња- коментираат лекарите.
„Поради ладното луѓето повеќе се групираат во мали и тесни простории каде што си ги размениваат инфекциите, а и сезонските вируси си го прават своето“, вели д-р Маја Иванова, педијатар.
Според податоците од Институтот за јавно здравје повеќе од две илјади граѓани заболеле од грип. Најмногу има во Куманово.
Докторите препорачуваат да се пијат повеќе течности да се земаат витамини, а во студените денови да се избегнува престој на отворено.
Андријана Атанасовска
