Ниски температури: По десет години замрзна Дојранското Езеро

08.01.2015 16:57

Синоќа замрзна Дојранското Езеро. Покривката е навлезена и до 200 метри на крајбрежјето со дебелина од 2 до 5 сантиметри. Оваа појава на нашето најјужно езеро се случува по десет години...

Замрзна крајбрежјето на Дојранското Eзеро. По повеќе од десет години, повторно ниските температури создадоа покривбка со мрааз, која годинава зафати површина од 100 до 200 метри од брегот на езерото со дебелина од 2-5 сантиметри. Дојранчани велат дека поради топлата клима, да се види Дојранското Eзеро под мраз е реткост.

„Многу ретко, тука кај нас е топло, но некој пат замрзнува“, велат жителите.

Стручните лица велат дека пред дванаесетина години било замрзнато цело езеро и тоа скоро дваесет дена со дебелина на мразот од 50 сантиметри. Ноќеска, стивнувањето на ветерот при експтемно ниски температури за Дојран од минус 7 степени влијаело на создавање на мразот.

„До замрзнување дојде проади тоа што се стиши ветерот. Претходно имавме ниски температури кои беа до минус 5-6 степени, немаше замрзнување, но дуваше силен ветер“, вели Златко Талески- известувач за УХМР од Дојран.

Инаку нивото на водата во Дојрнското езеро е искачено на плус 70 сантиметри што е највисока кота од 1988 година по што следуваше еколошката катастрофа и празнењето на водата.

Врнежите од дожд и снегот на планините годинава позитивно влијат врз нивото на водата, тврдат експертите. 

 

Катерина Давчева