Акција на инспекциските служби- најмногу глоба за пушење во угостителски објекти

08.01.2015 17:30

Во шест локали инспекциите поднеле пријава против сопствениците бидејќи биле затекнати лица како пушат...

Инспекциските служби во акција. УЈП направи контролана 16 угостителски објекти. Во два не се откриени неправолности. Во шест локали инспекциите поднеле пријава против сопствениците бидејќи биле затекнати лица како пушат. 

Глобата изнесува 2.500 евра за правното лице, а пушачите заработиле казна од 150 евра. Во еден локал откриле нерегистрирање на готовински промет преку фискален апарат, а неколку објекти  не поседувале нормативи за храна.

Во изминативе шест дена вкупно биле контролирани 92 угостителски објективо Скопје при што на 34 угостителски објекти им беа изречени глоби во висина од околу 87.000 евра.

20-тина гости заработиле казни бидејќи пушеле во локалите, 14 објекти биле затворени на 15 дена, а поради поголеми неправилности пет објекти имаат забрана за работа еден месец.