Карикатурата третира различни теми- слободата на изразување треба да е неприкосновена
Карикатурата автентично пренесува порака, преку хуморот и сатирата. Се третираат различни теми, меѓу кои е и религијата. Карикатуристи од земјава ја објаснуваат својата работа. Порачуваат - слободата на изразувањето треба да биде неприкосновена...

Карикатуристите прават карикатури, третирајќи ги темите од кои се испровоцирани и засегнати и кои сакаат да ги коментираат. Авторот тоа го пренесува преку хумор и сатира. Македонски карикатуристи осудувајќи ги случувањата во Париз објаснуваат дека не треба да им се земе за зло начинот на којшто се изразуваат.
Од друга страна, карикатуристот Поповски вели дека не е верник, но дека во творештвото мора да се почитуваат верниците.
„Не смее Богородица да се претставува во непристојна слика, ниту да се прават одвратни карикатури за што злосторниците ги користата како повод за вакви реагирања...Тоа е недозволиво и тоа не може да биде. Слободата на изразување не подразбира и слобода на навреда“, вели Драган Поповски – карикатурист.
Религијата е тема која се третира меѓу карикатуристите. На Светската галерија на карикатури на „Остен“ пристигнуваат дела од различни земји, на разни теми, а изборот е слободен. Директорката на овој фестивал вели дека пораката на карикатурата е толку длабока што треба да се чита подлабоко.
„За жал не сите луѓе во светот гледаат на тоа така и со таков степен на изградена култура на читање на тие пораки. Се доведуваме во ситуација да такви екстремни ставови на одредени групи преовладаат во нивното однесување и се доведе во таква голема трагедија и дури и убиства на едни од кајкреативните најпозитивните луѓе во општеството – карикатуристите“, вели Корнелија Конеска – извршен директор на „Остен“.
Аналитичарите обрнуваат внимание и на тоа колку верските чувства влијаат за секојдневните односи меѓу луѓето. Затоа, според нив, и верските заедници мора да бидат постојано ангажирани во превенција од конфликтни ситуации.
„Верските заедници мора да бидат свесни, да бидат ангажирани и активни на сите оние потенцијално конфликтни ситуации кои можат да предизвикаат револт“, вели Бранко Ѓоргевски, уредник во „Дневник“.
Во Македонија само во една ситуација имаше реакцииза маска на вевчанскиот карневал, потсетува Ѓорѓевски. Порачува, уметниците, карикатуристи и од муслиманската и од христиојанската вероисповест да се изборат за слобода на уметничко творештво.
Наташа Гркова- Петрушевска
