Реформите во образованието на комисиска расправа во Собранието

09.01.2015 09:21

Седницата на Комисијата требаше да се одржи вчера, но беше одложена за еден ден во очекување на нови предлози и за евентуално подобрување на предложениот закон...

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница на Комисијата за образование, наука и спорт, на која во второ читање треба да се разгледува Предлогот за изменување и дополнување на Законот за високото образование.

Седницата на Комисијата требаше да се одржи вчера, но беше одложена за еден ден во очекување на нови предлози и за евентуално подобрување на предложениот закон.

Покрај предлогот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, на дневниот ред на седницата ќе бидат уште шест  предлог-закони во второ читање:  за изменување и дополнување на Законот за основното образование, за изменување и дополнување на Законот за средното образование, Предлог-закон за Академијата за наставници, Предлог-закон за наставници во основните и средните училишта, Предлог-закон за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и Предлог-закон за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование (за педагошки факултети).

Осма точка на дневниот ред е Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Килимент Охридски“- Битола (прва фаза).