Претседателот Иванов кум на бадникарски оган во Маџир маало
На претседателот на Македонија Ѓорге Иванов синоќа на бадникарскиот оган му падна кумството во скопско Маџир маало

Се испочитува традицијата, насекаде се палеа коледарските огнови. Можност за дружење, честитање и споделување на убави желби за време на најголемиот христијански празник, христовото раѓање Божик.
Во Маџир маало паричката му падна на претседателот Иванов. Ќе кумува на следниот бадникарски оган. Гореа огнови, се грееше вино и ракија, се играше оро. Започнаа божикните празнувања.
-Кога се паѓа кај преседателот, се паѓа во државата. - изјави Ѓорѓе Иванов претседател на РМ
За дел од црквата, ваквотот празнување е паганско. За некои од верниците пак, традиција со векови.
-Ова се случува од памтивек, според мене ова не е пагански обичај, туку христијанско православна работа.
-Јас мислам дека има нешто, држи тоа што зборуваат луѓето. Ама ние го славиме.
-Секоја година традицијата продолжува. – велат граѓаните
Се верува дека на оној што ќе му се падне паричката, ќе го следи радост и бериќет цела година.
-Мене ми донесе среќа на професионално поле, задоволен сум од оваа година, се надевам дека наредната ќе биде уште подобра.
-Ми донесе пред се работа и голема љубов. – велат граѓаните
Традицијата продолжува. Огнови гореа во сите маала во Скопје, и низ цела Македонија.
Андријана Атанасовска
