Внимателно возење, на патиштата можна голомразица
09.01.2015 09:05
Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози и на места со остатоци од снег. Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
