Субвенции за домашни раси добиток

09.01.2015 11:34

Од оваа година ќе се субвенционираат уште две домашни раси добиток. Домашната балканска коза и говедата од расата бивол кои во Mакедонија ги има само 70...

Покрај домашните, говедо Буша, овцата Праменка и Шарпланинецот, од оваа година ќе се субвенционираат  уште две домашни раси кои се на прагот на исчезнување.

Состојбата со домашниот бивол е најкритична. Во моментов има 8 фармери кои одгледуваат  вкупно 70 биволи.

Државата за нив ќе одвои по 2.500 денари за животно.

Сточарите кои одгледуваат кози од расата Балканска и имаат минимум 50 кози ќе добиваат по 500 денари за секоја.

Обврска на фармерите е да бидат членови на Призната организација на одгледувачи на кози од оваа раса.

 

Методија Трајков