Почнува Вевчанскиот карневал

09.01.2015 12:03

Се очекува за време на карневалските денови Вевчани да го посетат преку 20 илјади гости, а најавена е и екипа од Би-Би-Си...

Со промоција на книгата „Масони од Македонија до 1990-та година“ и отворање на изложбата на слики од Петре Шутиноски, денеска почнува годинашното издание на Вевчанскиот карневал, со кој се слави доаѓањето на новата година според стариот календар.

Вевчани живее за карневалот и амбициите се секоја година да биде подобар од претходната. Се очекува за време на карневалските денови Вевчани да го посетат преку 20 илјади гости, а најавена е и екипа од Би-Би-Си.

Вевчанскиот карневал е уличен театар без режија за кој маските не се знаат до почетокот на манифестацијата со исклучок на трандиционалните Зет, Невеста и Глупавиот Август.