МНР со осуда на терористичките акции во Париз
09.01.2015 12:19
Mинистерот за надворешни работи, Никола Попоски упати писмо со сочувство до својот француски колега, Лоран Фабиус...

Министерството за надворешни работи изразува длабоко жалење за терористичките акти во Париз кои доведоа до повеќе жртви.
Вчерашниот напад на новинари во седиштето на Шарли Ебдо претставува кукавички чин. Ваквите варварски акти кои имаат за цел да ја заплашат слободната мисла и вредностите на демократијата остро ги осудуваме. Македонскиот народ сочуствува со францускиот народ и семејствата на жртвите во овие тешки моменти, соопшти МНР.
Mинистерот за надворешни работи, Никола Попоски упати писмо со сочувство до својот француски колега, Лоран Фабиус.
