Трансфузиологија доби нова опрема

06.01.2014 18:29

Поздрави трудници и новороденчиња треба да овозможат новите  апарати за проверка на крвта. На Институтот за трансфузиона  медицина во Скопје отсега ќе може однапред да се детектираат  аномалии во крвта на мајките и на бебињата.

Тоа е многу важно особено кај бремените жени кај кои ако се  појават антитела може да дојде до оштетување на плодот, па дури  и до мртов плод. Некогаш кај новороденчето овие антитела може да  доведат до хемолитична болест при што може да има потреба од  замена на целокупната крв – истакна д-р Розмари Каламарес,  Институт за трансфузиона медицина.

Апаратите овозможуваат брза проверка на компатибилноста на  крвта на дарителот и на примателот на крв. Опремата ќе се користи  и за одредување на протокот на крвта низ артериските крвни  садови со што ќе се добијат прецизни резултати. Овие испитувања  еднаш годишно им се препорачуваат на постарите од 45 години,  особено се задолжителни за пушачите, за дебелите, за оние со  холестерол или со дијабетес.

Опремата чини 230 илјади евра. Тука ќе може да се проверуваат  циркулацијата и присуството на антителата во крвта.