Олимпизам

Бостон кандидат за Олимписките игри во 2024

09.01.2015 12:20

„Нашата победа за добивање на Игрите ќе ја базираме врз иновациите, проодноста и гостопримството. Се надеваме на добредојде за најдобрите светски спортисти во еден од најголемите светски градови“-изјави градоначалникот на Бостон, Марти Волш...

Бостон ќе е „фаворитот“ на САД во трката за организирање на Летната Олимпијада во 2024 година. Од четирите  апликации поднесени од Лос Анџелес, Вашингтон,Сан Франциско и Бостон, Американскиот олимписки комитет се определи Бостон.

„Нашата победа за добивање на Игрите ќе ја базираме врз иновациите, проодноста и гостопримството. Се надеваме  на добредојде за најдобрите светски спортисти во еден од најголемите светски градови“-изјави градоначалникот на Бостон, Марти Волш.

Атланта во 1996 и Солт Лејк Сити во 2002 година се последните американски градови домаќини на Игрите. САД е третата земја, со официјална кандидатура за 2024 година.Претходно пријави поднесоа Италија во името на Рим и Германија со Берлин или Хамбург.Се очекуваат пријави и од  Франција со Париз и Унгарија со Будимпешта. Рокот за аплицирање  е 15 септември 2015 година, а исходот од гласањето на членовите на ИОК  ќе биде соопштен во 2017 година.

Како што е познато Летните олимписки игри во 2016-та година ќе се одржат во Рио,а  во 2020-та година во Токио.