Нов снежен бран: Координативното тело презема превентивни мерки

09.01.2015 12:39

УХМР, нов снежен бран најавува за в недела попладне и понеделник, но со помал интензитет...

Во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на координативното тело на кој се разгледаа мерките што ќе се преземат во врска со најавите за нов снежен бран што ќе ја зафати државава.

УХМР, нов снежен бран најавува за в недела попладне и понеделник, но со помал интензитет.

Во фокусот на состанокот беа превентивнте мерки што треба да ги преземе „Македонија пат“ за обезбедување соодветна опрема и механизација на критичните патни правци со цел да се овозможи безбеден и непречен сообраќај.

Од состанокот апел до сите градоначалници директно да се вклучат во расчистувањето на патните правци за кои тие се надлежни.