Обама најави реформа на образованието во САД

09.01.2015 13:10

Реформата на образованието ќе им овозможи на голем број Американци бесплатен пристап до високообразовните институции...

Претседателот на САД, Барак Обама треба да ја претстави најновата реформа на образованието која ќе им овозможи на голем број Американци бесплатен пристап до високообразовните институции.

„Сакам првите две години на државен колеџ да бидат бесплатни за тие што ќе сакаат да се потрудат“, изјави Барак Обама, претседател на САД.

Реформата првпат ќе биде спроведена во Тенеси, а е во рамките на напорите да се намалат вртоглавите цени и да се направи образованието подостапно.