Студен бран во САД: Минусните температури и снегот создаваат проблеми

09.01.2015 13:16

Невреме во САД. Минусните температури и снегот создаваат проблеми. Затворени се голем број училишта, не работат и околу 800 институции. Метеоролозите не се оптимисти, лошото време ќе продложи и во текот на викендот...

Арктички бран со минусни температури, снег и силен ветер  ги зафати истокот и средниот дел од САД. Голомразицата и снегот  предизвика проблеми во сообраќајот. Издадено е предупредување луѓето да не излегуваат од домовите доколку немаат итна потреба. И  домашните миленици не смеат да излегуваат од  домовите. Затворени се голем број училишта во Чикаго и во  Бостон.  Не работат и околу 800 јавни институции. Во Пенсилванија мразот предизвика смртоносна верижна сообраќајна несреќа.

„Не беше вака синоќа. Само снежеше и се замрзна преку ноќ. Морам некако да излезам“, изјави жител на Индијанаполис.

Властите во Пенсилванија ги повикаа граѓаните да не патуваат со автомобили, особено во планинските предели . Невремето ги затвори  скијачките центри во Чикаго и Северна Дакота.  И во Минесота состојбата е алармантна. Температурите се спуштаат и до - 41 степен под нулата. Снегот целосно парализира неколку села, граѓаните се соочуваат со недостаток од храна и питка вода. Спасувачките екипи се на терен.

„Мразот создадае навистина големи проблеми. Лизгавите патишта предизвикуваат сообраќајки. Треба да бидеме многу внимателни“, вели Брајан Кери, инженер.

„Го сакам ладното време. Уживам во студот.“

Студениот бран кој се спуштил од Канада предизвикал да замрзнат голем број фонтани. Метеоролозите велат дека лошото време ќе продолжи и во текот на викендот.

 

Марија Петковска