Реал Мадрид, ЦСКА и Олимпијакос ги остварија вторите победи
Реал Мадрид ја постигна втората победа, овојпат над екипата на Галатасарај со 93 : 78 благодарение на Рејес кој имаше 22 поена и 11 скокови. Кај турскиот тим кој го доживеа првиот пораз најдобар беше Ерцеег со 17 поени...

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа 4 натпревари од 2 коло во Топ 16 фазата. Во “Е“ групата бранителот на титулата Макаби во Тел Авив ја совлада Црвена Звезда со 78 : 67 и што дојде до првата победа. Петмина домашни играчи беа двоцифрени според постигнатите поени, а најефикасен беше Рендал со 16 поени. Гостите од Белград го претрпеа вториот пораз, иако го имаа најефикасниот поединец Калиниќ со 18 поени. Реал Мадрид ја постигна втората победа, овојпат над екипата на Галатасарај со 93 : 78 благодарение на Рејес кој имаше 22 поена и 11 скокови. Кај турскиот тим кој го доживеа првиот пораз најдобар беше Ерцеег со 17 поени.
Во “Ф“ конкуренцијата ЦСКА прокнижи нови бодови во мечот со Лаборал Куча, по победата од 99 : 90. Вимс со 22 поени и 8 скокови беше лидер кај московскиот тим, а во вториот пораз кај Баскијците, најдобар беше Тили со 15 поени. Вторпат во оваа фаза се радуваа и кошаркарите на Олимпијакос, кои беа за класа подобри од Емпорио Армани со 81 : 58. Питвеј и Лафајет со по 13 поени беа најефикасни во Грчкиот клуб, а кај Италијанците Џентиле постигна поен помалку.
Вечерва се играат уште 4 дуела од ова коло. Во “Е“ групата Војдан Стојановски и Алба му гостуваат на Жалгирис, а во дербито Барселона го дочекува Панатинаикос. Во “Ф“ Нижни го пречекува Фенербахче, додека Анадолу Ефес ќе игра со Уникаха Малага.
