Втората фаза од пакетот измени во образованието пред членовите на матичната собраниска комисија

09.01.2015 13:35

Од парламентарното мнозинство, опозициската ДПА и независните пратенички се поднесени над 140 амандмани на предлог- законот за високото образование...

Пред членовите на матичната Собраниска комисија е втората фаза од пакетот измени во образованието. Најмногу полемика предизвикаа предлог- измените во високото образование, односно воведувањето државен испит.

Од парламентарното мнозинство, опозициската ДПА и независните пратенички се поднесени над 140 амандмани на предлог- законот за високото образование.

Од ресорното министерство појаснуваат дека, целта е да се креира решение, што ќе ги подобри квалитетот на знаењата и вештините на студентите, на наставниот кадар и на образованието во целост.

По јавната дебата, Владата и министерството за образование прифатија 7 предлози од универзитетите. Претходно беа прифатени уште 20-на сугестии на законските измени во високото образование.

Во меѓувреме, продолжува поддршката од професорите за концептот државен испит. Уште 8 професори од речиси сите факултети дадоа поддршка за реформите, кои ќе го зголемат квалитетот во високото образование.