Се чествува Бадник
Бадник! Последниот ден од 40 дневниот пост
Се чествува два милениума. Ден кој се минува во бдеење и молитви во пресрет на раѓањето на исус христос. Посната трпеза го сплотува семејството, преку лебот кој го симболизира спасителот. Делењето на лебот со паричка потекнува од поново време, интересен семеен момент.
Погрешно е толкувањето дека паричката носи среќа. Во православието има радост, а преовладува нашата тврда вера во бога – објаснува отец Саше Николовски.
Убави се обичаите кои не излегуваат од кругот на христијанството и верата. Од понов датум но веќе се одомаќини како скопска традиција кај нас во соборниот храм се собираат бадникарите, кои на верниците им делат лебче, бадниково гранче, греана ракија и чај. Годинешните кум и здравичар посакаа многу здравје, но и поголема посветеност едни кон други.
- Нема сопствена среќа ако другите се несреќни. Нема поголема радост ако е радост за сите. Бидете здрави, среќни и успешни. Радувајте се на животот и на нашите христијански празници и обичаи, порача кумот бадникар Методија Стефановски.
Нашите свети христијански обичаи досега не буделе, не просветлувале и не воделе во животот, а ќе не просветлуваат и водат по светиот божји пат, следејќи ја светлата божја промисла за заемна вечна љубов, семејство, слобода, верба, надеж, толеранција, одговорност, почит и искреност. Нашите нови генерации од нас очекуваат подобра иднина, подобар живот. Младите мора да бидат подобри од она што сме ние и да живеат подобро, здравичарот Владимир Плавевски.
Верниците се подготвени за големиот празник. Посната трпеза веќе е готова. Семејството е на едно место. Се крши и орев за да се види кој колку ќе биде здрав.
Миле А . Ристески
