Две заложнички драми во близина на Париз
09.01.2015 14:26
Според првите сведоштва, имало брза стрелба, по што полицијата веднаш дошла на местото на престрелката. Првичните информации зборуваат дека станува збор за лицето кое вчера смртоносно рани општинска полицајка во Монтруж на југот од Париз...

Нова престрелка се одвива во моментот во Порт де Вансен во источниот дел на Париз, при што се земени меѓу пет и шест заложници во една продавница за кошер производи.
Според првите сведоштва, имало брза стрелба, по што полицијата веднаш дошла на местото на престрелката. Првичните информации зборуваат дека станува збор за лицето кое вчера смртоносно рани општинска полицајка во Монтруж на југот од Париз.
Француската полиција веќе утврди дека овој 32-годишен маж е поврзан со браќата Куаши.
Браќата Куаши во моментов се опколени од полицијата во печатница која се наоѓа во индустриската зона на Дамартан ен Гуел, и држат во заложништво едно лице.
