Двојна заложничко-терористичка криза во близина на Париз

09.01.2015 14:36

Првичните информации зборуваат дека станува збор за лицето кое вчера смртоносно рани општинска полицајка во Монтруж на југот од Париз. Се работи за 32 годишен човек, со потекло од Жувиси-сур-Орж во парискиот регион, тој е тесно поврзан со браќата Куаши, кои се забаракадирани во една печатница во Дамартан –ан – Гуел со еден заложник...

Според првите сведоштва, на истокот од Париз на Порт де Вансан, имало брза стрелба, во самопослугата „Хипер Кашер“ каде било рането најмалку едно лице, а 5-6 лица се држат како заложници. Полицијата ведднаш дошла на местото на престрелката.

Првичните информации зборуваат дека станува збор за лицето кое вчера смртоносно рани општинска полицајка во Монтруж на југот од Париз. Се работи за 32 годишен човек, со потекло од Жувиси-сур-Орж во парискиот регион, тој е тесно поврзан со браќата Куаши, кои се забаракадирани во една печатница во Дамартан –ан – Гуел со еден заложеник.

Тој беше вмешан во плановите за бегство од затворот на Самин Аит Али Белкакем, член на алжирската исламистичка група ГИА, осуден на доживотен затвор за учеството во атентатите од 1995 во метрото Сант Мишел. Во 2010 година кога беше уапсен, кај него беше пронјаден калашников со 300 куршуми. Неговата 24 годишна сопруга е исто така барана од полицијата.

Во истата процедура беше уапсен помладиот Куаши, Шериф, додека неговиот брат денска се дознава од америакнските служби дека бил обучуван за терористички акции од Ал Каида во Јемен.

Полицијата беше на неговата трага, изутринава изврши претрес во домот на неговите родители.

Француските власти се мобилизиарни и раководат со сега двојната заложничко-терористичка криза, повикувајќи на национално единство, како што тоа го направи претседателот Франсоа Оланд.

„Државата постапува правилно со тоа што ги употребува сите средства на ризичните места што може да бидат цел и да ги смири своите граѓани. Тоа е веќе направено до максимум, со распоредување на силите кои беа и дополнително засилени последниве денови. Мора да им кажеме на граѓаните дека живеат во правна држава и со желба да бидат заедно, дека го отфрламе предимензионирањето и стигматизацијата, вознемирувачките карикатури, за да сите наши граѓани можат да бидат заедно во Република. За да постигнеме еднаквост на сите наши сограѓани, мора да осигураме засилена превенција на тоа да се повторат овие настани. А знаеме дека може да се повторат“, рече Оланд.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев се наоѓа на лице место. Исто како и во Дамартан –ан – Гуел и овде приоритетот е да се спасат заложениците. Сите училишта и соседни претпријатија се евакуирани.

Сите болници во парискиот регион се ставени во ургентна состојба, а беа пренасочени и дел од авионите кои слетуваат и полетуваат на аеродромот Шарл де Гол, со оглед дека Дамартан –ан – Гуел се наоѓа на само 40 километри.

Во Дамартан има имресионирачки полициски и жандармериски сили, поддржани од воени и полициски хеликоптери и исто како на излезот од Париз ги држат под опсада терористите и нивните заложници.

 

Тони Гламчевски