Франција во војна против тероризмот: Најсериозна криза во последните 20 години
Наместо расплет, нов заплет. Додека полицијата е во акција за апсење на извршителите на убиствата изминатите два дена, заложнички драми го тресат Париз...

Франција се соочува со досега најсериозната криза во последниве дваесет години. Симултано се одвиваат две заложнички драми, првата започна во 9 часот изутринава во Дамартан –ан – Гуел каде браќата Куаши, одговорни за нападот и маскарот во неделникот Шарли Ебдо, каде имаат еден заложеник.
Втората во самиот Париз на неговиот исток, на Порт де Вансен, каде нивни соучесник и познаник со кој биле во иста радикална исламистичка група во самопослугата Хипер Кашер држи 6 мина заложници, меѓу кои имало жени и деца. Властите демантираа дека има мртви во престрелката во Вансен, откако медиумите јавија дека две лица го загубија животот.
Лицето кое што ја нападна самопослугата пристигнало со два калашникови пукајќи и веќе е идентификувано. Станува збор за Амеди Кулибали на возраст од 32 години, со потекло од Жувиси-сур-Орж во парискиот регион. Највероијатно со неговата 26 годишна девојка Хајат Бумедијен, за кои полицијата смета дека го извршиле смртоносниот напад врз полицајката во Монтруж вчера изутрината.
Амеди Кулибали заедно со Шериф Куаши, беше вмешан во плановите за бегство од затворот на Самин Аит Али Белкакем, член на алжирската исламистичка група ГИА, осуден на доживотен затвор за учеството во атентатите од 1995 во метрото Сант Мишел.
Силни полициски сили се развиени на двете места каде се одвива заложниката драма, специјалните сили имаат поддршка и од хеликоптери. Блиските училишта беа евакуирани и додека жителите на околните згради се повикани да останат дома. Сите болници во парискиот регион се ставени во ургентна состојба, а беа пренасочени и дел од авионите кои слетуваат и полетуваат на аеродромот Шарл де Гол, со оглед дека Дамартан –ан – Гуел се наоѓа на само 40 километри.
Од телвизиите е побарано да не ги сминаат лицата на полициајците и жандармите кои се вклучени во операците.
Француските власти се мобилизиарни и раководат со досега невидена двојна заложничко-терористичка криза, која очигледно е тесно поврзана. Тие повикуваат на национално единство, како што тоа го направи претседателот Франсоа Оланд.
„Државата постапува правилно со тоа што ги употребува сите средства на ризичните места што може да бидат цел и да ги смири своите граѓани. Тоа е веќе направено до максимум, со распоредување на силите кои беа и дополнително засилени последниве денови. Мора да им кажеме на граѓаните дека живеат во правна држава и со желба да бидат заедно, дека го отфрламе предимензионирањето и стигматизацијата, вознемирувачките карикатури, за да сите наши граѓани можат да бидат заедно во Република. За да постигнеме еднаквост на сите наши сограѓани, мора да осигураме засилена превенција на тоа да се повторат овие настани. А знаеме дека може да се повторат“, рече Оланд.
Франсоа Оланд во моментов е во Елисејската палата заедно со премиерот и министрите за внатрешни работи и правда, од каде што раководи со кризата.
Изјавата на премиерот Мануел Валс дадена изутринава зборува доволно за ситауциајата во која се наоѓа Франција: Ние сме во војна против тероризмот.
Тони Гламчевски
