Коледари го најавија Христовото раѓање
Денеска е коледе, утре е Божик, изутринава се слушаше пред сечија порта. Коледарите со песна и торби во рацете го најавија Христовото раѓање. Костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка. Најмладите ги ширеа торбите, а домаќините го испочитуваа обичајот што се негува со години. Ги даруваа коледарите за прекрасната вест што им ја носат.

Коледари запеаја и во претседателската резиденција. Топол пречек им приреди семејството Иванови. Возбуда, радост, детски насмевски. Богата посна трпеза. Подмладокот на КУД „ Никола Јонков Вапцаров“ најдобро знае како се негува традицијата . Со оро ја надополни веселбата.
Коледарските песни и ора ги разбудија и сеќавањата на Иван Иванов.
„Цело мое детство го поминав како коледар, а морам дека и сега одам на коледе“ рече
Иван Иванов.
Коледарското утро завршува со бадникова вечера. На богатата посна трпеза со сарми, гравче и риба, централното место за лепчето со паричка. Секој посакува нему да му падне. Да му донесе среќа и берикет цала година. Традицијата слична, но обичаите различни.
„Бидејќи ние потекнуваме од Струмица, во нашиот крај навечер се излегува со лепчето и се се кани дедо Боже на вечера. Еве, тоа сум го запаметила од нашиот крај, па го пренесуваме и тука. Го каниме дедо Боже на вечера, трпезата ја поставуваме и таа не се крева, до сабајле останува...“ вели домаќинката.
Христос се роди, навистина се роди. Денеска е Бадник, утре е Божик. Радост и убава мисла за уште поубава година. Денови кои се поминуваат со семејството, со најблиските, денови на радост и убави мисли.
Aна Јосифоска