Меѓународна конференција за борба против глобалниот тероризам, в недела во Париз
Освен европски шефови на полиции, најавено е присуство и на американски претставници, меѓу нив и главниот обвинител, Ерик Холдер. Се навестуваат ограничувања во слободното движење во шенген зоната...

Еврокомесарот Димитрис Авамопулос ќе учествува на состанокот на министрите за внатрешни работи во недела во Париз. Темата на средбата е масакарот во парискиот „Шарли Ебдо“ и заштитата од глобалниот тероризам кој ќе опфака и промена на регулативите во шенген системот.
На состанокот ќе учествуваат преставници од 9 европски држави како и нивните американски колеги. Токму ова, ако може да се нарече, сепарација предизвика низа контраверзии, дотолку повеќе што промените ќе треба да ги имплментираат 17 држави членки на шенген зоната.
„Станува збор за недостиг од почит кон европските земји. Председателот Јункер со години наназад нагласуваше дека Франција и Германија треба да го водат шоуто. И сега имаме ситуација на Г6 кои што ќе разговаат за проблемот со терорзмот. Ако вие немате проблем со тоа, немам ни јас“, вели новинарот Кристијан Спилман, АСП.
Портпаролот на Европската комисија, Маргаритас Шимас изјави дека нема проблем со ваквите инсинуации.
„Мислам дека не е време да правиме збрка. Ова е момент на жалост, не е време за политика. Луѓето заминуваат во Париз да разговараат со своите интернационални партнери“, вели Шинас.
Во однос на мерките кои ќе бидат предложени на престојниот состанок Шинас истакна дека е премногу рано за детали, повторувајќи го ставот на председателот Јункер кој препорача дека избрзаната реакција на Европа, носи ризик. Односно, дека во моментов државите членки треба да бидат стабилни и да реагираат во вистинско време.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
