ПМ 10 честичките шест дена над максимално дозволените граници во воздухот во Велес

09.01.2015 16:50

Велешани дишат загаден воздух. Општината апелира до граѓаните за совесно однесување. Екологистите со апел до локалната власт, да преземат соодветни мерки. И минатата година Велес 148 дена бил со високи концентрации на суспендираните честички...

Повеќе од пет дена воздухот во Велес содржи многу повеќе ПМ 10 честички од дозволеното. Локалната власт со апел до велешани, намалете ја употребата на автомобилите.

„Да не се користат дрвени материјали кои се излакирани обоиени со боја, да не се користи стиропор потоа парчиња гума, било каков синбтетички материјал заради тоа што сите овие матрерии  ги создаваат најтоксичните загадувачи во амбиенталниот воздух“, вели Билјана Шуркова- Манаскова, општински еколошки инспектор.

И минатиот месец во Велес, пет дена едно по друго биле регистрирани суспендирани честички над дозволеното. И тогаш и сега граѓаните загадувањето го чуствувале делумно.

„Се чуствува, доволно се чуствува па и сега оти се ложи на дрва и од тоа се чуствува.“

„Јас не го чуствувам за другите не знам, сега засега не чуствувам, незнам“, велат анкетираните велешани.

Алармантна е состојбата, велат екологистите. И тие со свои препораки до локалната власт.

„Во институциите со кои таа раководи да се употребуваат поеколошки средства за загадување, да не се употребува мазут и нееколошки горива и да се вршат зачестени  контрола на индустриските капацитети“, изјави д-р Ненад Коцик, ЕД „Вила Зора“.

Според податоците објавени на интернет страната на Министерството за животна средина во 14 часот, денеска ПМ 10 честичките во Велес достигнаа вредност од 175мг на метар кубен. Останатите загадувачки супстанци во воздухот, според објавените резултати се далеку под максимално дозволената граница.

 

Дијана Иванова