Ликвидирани терористите осомничени за нападот врз „Шарли Ебдо“

09.01.2015 17:47

Акцијата траеше кратко со интензивни истрели и ексползии. Хеликоптер на цивилната заштита се спушти на местото, наверијатно за да им помогне на евентуалните ранети...

Акцијата започна симултано во Данартан ен Гуел непосредно пред 17 часот каде беа забаракадирани од изутринава браќата Шериф и Саид Куаши, одговорни за нападот на магазинот „Шарли Ебдо“.

Акцијата траеше кратко со интензивни истрели и ексползии. Хеликоптер на цивилната заштита се спушти на местото, наверијатно за да им помогне на евентуалните ранети.

Во Вансен по четири детонации, и педестина рафали, специјалците исто така интевенираа.

Повеќемина лица истрчаа. Заложниците беа ослободени, десетина лица, многу повеќе од колку што се претпоставуваше.

Полицијата соопшти и дека е убиен и терористот- грабнувач кој држеше повеќе лица грабнати во самопослуга на излезот од Париз на Порт де Вансан.

За повредени кај силите на редот во Дамартан нема информации, во Париз најмалку два специјалци се ранети.

 

Тони Гламчевски