Четворица заложници убиени во супермаркет во Вaнсaн во Париз

09.01.2015 18:42

Убиен е терористот- грабнувач Амеди Кулибали, на возраст од 32 години, но највројатно неговата 26 годишна девојка Хајат Бумедијен успеала да побегне, пренесува Си-Ен-Ен...

Вкупно четворица заложници се убиени во супермаркетот во Порт де Вансан, во источниот дел од Париз, изјави полициски претставник.

Убиен е терористот- грабнувач Амеди Кулибали, на возраст  од 32 години, но највројатно неговата 26 годишна девојка Хајат Бумедијен успеала да побегне, пренесува Си-Ен-Ен.

Кулибали и Бумедијен се смета дека го извршиле смртоносниот напад врз полицајката во Монтруж вчера изутрината.