Три сообраќајни несреќи за два часа во Прилеп, едната заврши трагично
Првата сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Прилеп – Битола кај селото Алинци, во која животот го загиби 47 годишниот М.Г од Битола...

Во рок од 2 часа во Прилеп попладнево се случија три сообраќајни несреќи, од кој едната заврши трагично. Првата сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Прилеп – Битола кај селото Алинци, во која животот го загиби 47 годишниот М.Г од Битола. До несреќата дошло кога возилото кое го управувал М.Г. Опел Астра со битолски таблички судрило директно во товарно моторно возило марка Сканија со скопски регистарски таблички. На лице место увид извршиле екипите на Јавниот обвинител и полицијата и засега се уште не се познати причините како дошло до несреќата. Јавниот обвинител Дамчо Кочоски, истакна само дека е побарано да се изврши обдукција на телото на починатиот. Лекарите за жал можеле да ја констатираат само смртта.
„Возилото кое го возело починатото лице било буквално смачкано, телото било разнесено внатре во возилото и смртта настапила моментално“, рече Гоце Јонзоски, началник на Итна помош Прилеп.
Втората сообраќајна несреќа се случува на истото место кај првата помеѓу две возила во колоната која чекала поради застојот на патот. Се судриле автомобил на Локалната самоуправа од Прилеп со друго возило при што повредени се две лица.
Трета пак сообраќајна несреќа завршила само со материјална штета помеѓу две возила која се случија на регионалнот пат Прилеп - Скопје, кај бензинската пумпа на Лук Оил на излезот од Прилеп.
Дарко Штаргоски
