Меркел се повреди при скијање на Алпите

06.01.2014 18:58

Додека се очекуваат резултатите од несреќата на поранешниот возач на формула еден Михаел Шумахер, се случи нова несреќа при скијање. Германската канцеларка Ангела Меркел се повредила додека скијала на Швајцарските Алпи, поради што ги откажа сите работни обврски во наредните три недели. Прво се сметало дека канцеларката има само модринка, но подоцна лекарите утврдиле скршеница.

„За време на божикниот одмор, додека скијаше крос-кантри,   германската канцеларка претрпе сериозна контузија и делумна фрактура на левата задна карлица. Поради тоа мора да мирува што повеќе во наредните три недели и да користи помагало при движење“.- изјави Штефан Зајберт, портпарол на Ангела Меркел

Меркел ја откажа планираната посета на Варшава, а новиот премиер на Луксембург  Ксавиер Бетел го откажа патот за Берлин закажан за в четврток. Сепак, според зборовите на нејзиниот портпарол Штефан Зајберт, германската канцеларка е во состојба да работи и да комуницира и ќе продолжи да ги извршува своите обврски од дома. Зајберт додаде и дека инцидентот се случил при бавно скијање, но одби да каже повеќе детали.  Се очекува Меркел в среда да го води состанокот на Владата што ќе биде првото заседавање на новата коалициска влада на конзервативците и на социјалдемократите формирана во минатиот месец. Инаку, четири скијачи загинаа, а еден се здоби со тешки повреди во серија лавини  на Алпите во јужниот дел на Швајцарија. Еден од загинатите скијал надвор од обележената патека за скијање. Агенцијата Франс прес потсетува дека спасувачките служби пред неколку дена предупредиле на зголемена опасност од лавини во оваа област. Со оваа несреќа, бројот на жртвите во лавини во Швајцарија зимава се искачи на 11.

Марина Автовска