Валс: Во Франција можно е да има околу 1.400 џихадисти
09.01.2015 21:47
Никогаш не бевме невнимателни. Ја проверувавме и најмалата трага. Но, станува збор за стотици лица, кои се подготвуваат во Сирија, Ирак, Авганистан и Јемен, изјави Валс...

Околу 1.400 државјани на Франција можно е да имаат врски со радикални џихадистички групи, изјави денеска францускиот премиер Мануел Валс.
Никогаш не бевме невнимателни. Ја проверувавме и најмалата трага. Но, станува збор за стотици лица, кои се подготвуваат во Сирија, Ирак, Авганистан и Јемен, изјави Валс.
Терористот кој денеска држеше десетина заложници во една продавница за кошер во Париз, тврдеше дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава.
