Ракомет

Македонија моќно против Алжир

09.01.2015 22:47

Во нашиот состав речиси сите ракометари кои ќе патуваат на светското во Катар добија шанса и ја искористија да демонстрираат желба, квалитет и добра подготвеност, најефикасен беше Манасков со 7 погодоци, Кире Лазаров постигна еден помалку, Вугринец импонира со своите асистенции, а голманскиот тандем Ристовски-Ангелов нанижа 18 интервенции...

Успешна претпоследна контрола на нашата најдобра ракометна репрезентација пред настапот на светското првенство во Катар. На турнирот во Нант пред 10 000 гледачи нашите ракоемтари демонстрираа надмоќ и разлика во квалитет во дуелот со Алжир и на крајот славеа убедливо со 32-20. Уште од почетокот на средбата македонската селекција максимално ја контролираше и играта и резултатот ,а  покажа и континуитет без посериозни падови во текот на целиот натпревар.

Уште во раната фаза поведовме,со 5-1,  Алжир се врати само за кратко и намали на 8-6 во периодот кога Македонија играше со 2 ракометара помалку, но веднаш потоа одново ја вративме  предноста и на полувреме нашата селекција замина со 14-10. Следуваше уште подобра игра, одлична одбрана,атрактивни завршници, леснии голови и убедлив триумф за пласман во финалето на турнирот против селекцијата на домаќинот Франција која во второто полуфинале ја победи Аргентина со 33-19.

Во нашиот состав речиси сите ракометари кои ќе патуваат на светското во Катар добија шанса и ја искористија да демонстрираат желба, квалитет и добра подготвеност, најефикасен беше Манасков со 7 погодоци, Кире Лазаров постигна еден помалку, Вугринец импонира со своите асистенции, а голманскиот тандем Ристовски-Ангелов нанижа 18 интервенции.

Последната контрола за нашата репрезентација пред мундијалот во Катар наедно и финален натпревар на турнирот во Нант меѓу селекциите на Македонија и Франција следете го на првиот програмски сервис од 18 часот.